ЦГК: Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт за одземање на нивните лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, а по спроведените контроли и трагичниот настан во Кочани.



Истражувањето открива дека лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи од 479-те фирми на списокот има некои што се повторуваат, а други на коишто им се одземаат по неколку лиценци.

-На фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци, а вкупно ќе бидат одземени 471 лиценца. За најголем дел од фирмите, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери, информираат од Центарот за граѓански комуникации.

Во моментов, како што посочуваат, само 49 од фирмите што се на листата за одземање лиценци имаат актуелни договори за јавни набавки во вкупна вредност од 26 милиони евра.

-Сепак, само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата којашто била услов за добивање на тендерот. Овие фирми имаат вкупно 58 договори за јавна набавка, чија вкупна вредност изнесува 14 милиони евра, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Оттаму посочуваат дека од сите фирми на списокот, 101 има добиено тендер во последните три години, во вкупна вредност од 77 милиони евра.

- Дваесет и осум отсто од фирмите за одземање лиценца се со блокирана сметка или се правно или деловно неактивни, а останатите фирми се активни. Приходи оствариле 85 отсто од фирмите во вкупна годишна вредност од 128 милиони евра (за 2023 година која е последната година за којашто има објавено податоци), се наведува во соопштението.

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации најголем дел од фирмите остваруваат ниски годишни приходи. Секоја трета (31 отсто) од фирмите има годишен приход помал од 15 илјади евра, додека приходи поголеми од 1 милион евра имаат само 33 фирми, односно 8 отсто.

- Во сите овие фирми работат 2188 луѓе, 4 отсто од овие фирми немаат вработен, а 3 отсто имаат само еден вработен. Со повеќе од 10 вработени се само 3 отсто од фирмите, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето е спроведено врз основа на податоците за имињата на фирмите објавени на списокот на Министерството за транспорт, податоците од Електронскиот систем за јавни набавки, како и податоците за статусот и финансиските резултати од Бизнис мрежа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Мујо на плажа, на Копакабана. Таму полно згодни женски, ама ни една не сака ни да го погледне. Му се пожалил иа еден од капачите, а овој го подучил:
"Земи една краставица...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...