ВМРО ДПМНЕ: Потпретседателот Најдовски да ја закаже конститутивната седница

Скопје, 14 јули (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ бара од потпретседателот на Собранието Слободан Најдовски да ги почитува обврските кои му произлегуваат од Уставот и тој да ја свика конститутивната седница. Одложувањето на закажувањето на оваа седница според оваа партија, е една од последните дворски игри на СДСМ која сака да купи време пред да замине од власта.

   - Во Уставот и собранискиот Деловник точно се прецизираат надлежностите на претседателот на Собранието, но и тоа кој го менува во случај на спреченост и тоа во сите негови обврски и должности. Затоа во случајов надлежен да ја свика седницата е Слободан Најдовски за да може да се конституира Собранието и да се формира нова влада, што е во интерес на Македонија. Доколку тоа не го направи Најдовски ќе има и морална и политичка одговорност, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ИШ на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

   Според него, одложувањето на закажувањето на седницата, со тоа што СДСМ јавно поддржува побрзо формирање Влада, а тајно тој процес го опструира, Бучковски и неговите министри купуваат време да разграбат уште некој државен имот и да ги покријат трагите од криминалното владеење, но и партискиот лидер да го одложи соочувањето со членството поради лошиот резултат на изборите.

   Од оваа партија сметаат дека одредбата од Уставот и Деловникот во која се вели дека Собранието може само да одржи конститутивна седница на 21-от дена по завршувањето на изборите доколку таа претходно не биде закажана може биде злоупотребувана, оти како што вели Милошоски, може да се случи да има прегласување на одредени избирачки места и да се тврди дека изборите не се завршени.

   -Со тоа може предолго да се одлагаат коституиранњето на Собранието, но и формирањето на новата влада што секако не е од државен интерес, рече Милошовски.

   Во врска со преговорите кои победничката коалиција ги води со ДУИ, ДПА и НСДП за формирање владина коалиција, тој истакна дека тие денеска продолжуваат и оти се надеваат дека наскоро ќе биде постигнат договор.

   Милошоски додаде дека и кај ДПА има расположение да биде дел од власта и покрај неодамнешните најави дека нема да коалицира во влада во која би партиципирала и ДУИ. Преговорите со ДПА и НСДП, посочи Милошоски, се водат на лидерско ниво, додека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ги водат Трајко Славески и Муса Џафери. Преговорите, најавуваат од партијата, ќе се одвиваат според препораките добиени од вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...