Премиерот Груевски ја продолжува официјалната посета на Германија

Берлин, 17 октомври (МИА) - Премиерот Никола Груевски, кој престојува во официјална посета на Германија денеска ќе има средба со претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт.

Груевски ќе се сретне и со заменикот на фракцијата на СПД Валтер Колбо, со премиерот на Сојузната држава Бранденбург Матиас Плацек и со државниот министер во Министерството за надворешни работи Гернот Ерлер.

Груевски ќе ја заврши официјалната посета на Германија со средбата со министерот за економија и технологија Михаел Глос.

Шефот на македонската Влада вчера во Берлин разговараше со германскиот канцелар Ангела Меркел. - Германија ќе направи се што е во нејзина можност за да и помогне на Македонија да постигне стабилна и добра иднина, порача германскиот канцелар Ангела Меркел пред средбата со македонскиот премиер.

- Германија е многу заинтересирана за успешен развој  на Македонија, рече Меркел и додаде дека Берлин и досега активно ја поддржувал Македонија.

Премиерот Груевски изјави дека Германија е земја што многу го помогнала досегашниот пат на Македонија кон ЕУ. - Веруваме дека поддршката во иднина ќе биде уште посилна. Имаме големи очекувања од следното германско претседавање со ЕУ, истакна Груевски.

Тој нагласи дека новата Влада е цврсто определена да направи прогрес со реформи кои ќе обезбедат мултиетничка стабилна демократија, функционална пазарна економија и посилен економски развој. На тој начин, истакна Груевски, веруваме дека ќе и помогнеме на ЕУ да донесе одлуки кои за Македонија ќе значат подобра иднина и сериозен прогрес на патот кон Унијата.

Во делегацијата што ја предводи Груевски, се и вицепремиерот Зоран Ставревски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Ставревски денеска ќе се обрати на работниот ручек во претставништвото на Баден Виртемберг, на која ќе присуствува и премиерот Никола Груевски. Шефот на дипломатијата Милошоски, пак, ќе има предавање во Фондацијата за наука и политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...