Осум милиони евра за комунални објекти во Струмица

Струмица, 30 октомври (МИА) - Во Општина Струмица во е тек реализацијата на програмата МЕАП за реконструкција и изградба на капитални комунални објекти вредна околу осум милиони евра.

- Во првата фаза во која ќе бидат потрошени 1,8 милиони евра е предвидена целосна реконструкција на водоводната мрежа, односно замена на веќе дотраениот цевоводен систем со еколошки цевки од пластика со што подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето значително ќе бидат намалени и загубите на вода. Овој проект опфаќа и приклучување на четири населени места на постојниот градски водовод, изјави за МИА градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

Со оваа програма финансирана од Европската банка за обнова и развој од Владата на Република Македонија и од странски донации ќе биде опфатен и проектот за довршување на изградбата на станицата за прочистување на отпадните води вреден пет милиони евра, како и изградба на одводни канали во должина од два километра со што ќе бидат скротени атмосферските води од повеќе порои кои при малку поголеми врнежи поплавуваат голем дел од градот и околината. Само овој дел од вкупната инвестиција кој треба да биде заокружен кон крајот на годинава изнесува близу 1,3 милиони евра.

Програмата на МЕАП опфаќа и реконструкција на постојната фабрика за прочистување на водата во Струмица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ѕвони телефонот...
- Ало, Игорче ти ли си ?
- Да тетто, јас сум.
- Мајкати дома ли е ?
- Во купатило е, се бања.
- А татко ти ?
- И он е во купатило.
- А ќе излезат ли брзо...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1777.- Роден е рускиот цар Александар Први...
1790.- Роден е францускииот ориенталист Жан...
1804.- Роден е францускиот писател Шарл Огистен...
1810.- Роден е германскиот египтолог Карл Ричард...