Собраниска расправа за законот за прислушување - 1

Скопје, 2 ноември (МИА) - Македонското Собрание денеска ја продолжи дебатата за Предлогот за донесување закон за следење на комуникациите, со Предлог закон, за чие усвојување е потребно двотретинско мнозинство.

Тахир Хани од ДУИ истакна оти е добро што прислушувањето на граѓаните ќе се уреди со закон и што законот се носи со двотретинско мнозинство, подвлекувајќи оти и за Законот за полиција требаше да се постигне политички консензус.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јани Макрадули рече дека партијата ќе го подржи овој закон со цел да се стави во рамка оваа дејност и да се продолжи со реформите за евроинтегрирање на земјата. - Но, поширок консензус не можеме да добиеме кога се ограничуваат дискусиите, рече Макрадули, осврнувајќи се на  одлуката за скратувањето на дискусиите и, како што посочи, оценките на Европската комисија оти е недоволна соработката меѓу власта и опозицијата и се забавени реформите во земјата.

Тој потсети и на аферата „големо уво“ укажувајќи оти поранешниот претседател Борис Трајковски ги ослободи од одговорност министерката за внатрешни работи Доста Димовска и Алексансдар Цветков, со што според него ги посочил директните виновници за аферата. 

Макрадули укажа на делот во член 18 поврзан со член 115 од Законот за електронски комуникации, дека кога следењето се врши преку телекомуникациските системи, поради тоа што денес се проширени субјектите на даватели на овие услуги, треба да се пропише видот на опремата која ќе се користи за прислушувањето да се извршува ефикасно.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Рафиз Алити рече оти законот е неопходен, но изрази сомневање оти повторно ќе има сомневања за негова злоупотреба заради политички цели.

- Ние ќе го изгласаме како политичари законот, но барам да ми се посочи случај во кој нејкој одговорал за сторени злоупотреби, рече Алити. Тој се осврна на член 14 кој според него треба да се избрише бидејќи предвидува при определени услови  следење на комуникациите да се врши врз основа на усно издадена  наредба на судот, што според него е создавање простор за манипулација.

И Алити се осврна на скратувањето на дискусиите, што според него, претставува обид да се дисциплинира опозицијата.

Дебатата за законот во рамки на шестата седница ја почна вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која го образложи законот.

Јанкуловска подвлече дека уставен основ за прецизно нормативно уредување на областа со следењето на комуникациите е донесувањето на уставниот амандман 19, како и на меѓународни протоколи од областа на борбата против организираниот криминал.

Со законот се уредуваат условите и постапката за следење на комуникациите, начинот на постапување, чување, и користење на добиените информации и податоци со примена на овој закон и контролата на законитоста на следење на комуникациите.

Согласно предложениот закон, следењето на комуникациите на граѓаните ќе биде единствено можно со решение од суд, по налог на министерот за внатрешни работи, а под строго дефинирани услови во интерес на безбедноста на државата.

Секој пратеник во рамки на расправата може да дискутира по Предлогот за донесување на законот за прислушување еднаш и во траење од 10 минути, а координаторите и предлагачот 15 минути,   во согласност со  предлогот поднесен од заменик координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски усвоен пред почетокот на расправата.

Собранието во рамки на шестата седница, во понеделникот, го донесе Законот за полиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден против потрошувачка грозница.
8.п.н.е.- Умре римскиот литерат Хорациј,...
1570.- Умре италијанскиот архитект и вајар...
1701. - Во Упсала е роден Андерс Целзиус,...