Државните инспекции ја кочат изградбата на струмичкиот пазар, тврди градоначалникот

Струмица, 1 март (МИА) - Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, во врска со неодамнешниот записник на Државниот управен инспекторат за стопирање на изградбата на новиот деловно-административен центар во Струмица, денеска на прес-конференција оваа одлука ја оквалификува како политички мотивирана и како директен атак врз него.

Тој ги обвини државните инспекции дека ја кочат реконструкцијата и надградбата на струмичкиот пазар, нанесувајќи и, како што рече, огромна штета на општина Струмица.

- Во врска со обвинувањата на Управниот инспекторат дека при реализацијата на проектот за реконструкција на градското пазариште во Струмица со негова надградба не е почитуван Законот за денационализација, одговорно тврдам дека тоа не е точно. Точно е дека тоа земјиште е на Република Македонија, меѓутоа негов закупец е Комуналното претпријатие „Комуналец“ од Струмица. Според член 52 од Законот за градежно земјиште, јасно е дека можат да издадат одобрение и услови за градба, рече градоначалникот Заев.

Тој најави тужба за кривична одговорност на државните инспекции за злоупотреба на службената положба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Нилскиот коњ решил да оди накај океанот. Тргнал по реката и одел, одел се додека реката не се раздвоила. Тука застанал, видел некој алигатор и го прашал:
- На кај е океанот?
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на книгата за деца
742.- Роден е францускиот цар Карло Велики, кој...
1724.- Роден е италијанскиот авантурист Џовани...
1792.- Озаконет е доларот како парична единица...