Јанешлиева и Мусовиќ изложуваат во Варна

Скопје, 23 јуни (МИА) - Македонските уметници Славица Јанешлиева и Оливер Мусовиќ учествуваат на Фестивалот на современа уметност „Продукт 2007“, што до 2 јули се одржува во бугарскиот град Варна. 

На ова четврто издание на фестивалот, во организација на здружението “Кера” од Варна, учествуваат триесетина уметници од целиот свет, кои ќе се престават на повеќе изложби, перформанси и видео проекции.

Темата на фестивалот, како што информираат Јанешлиева и Мусовиќ, е “Преку границите” и има за цел естетски, политички и социолошки да ги преиспита зацртаните граници во најразличен смисол, поигрувајќи се и релативизирајќи ги зададените односи организатор-учесник, уметник-публика, при што тие си ги заменуваат улогите.

Славица Јанешлиева ќе се претстави со дигиталниот отпечаток "Комплет за хартиена кукла девојче - пионер" (2006), а Оливер Мусовиќ со серијата фотографии под наслов "Возење" (2006), кои за мотив ги имаат вообичаените превозни средства со тркала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Мујо на плажа, на Копакабана. Таму полно згодни женски, ама ни една не сака ни да го погледне. Му се пожалил иа еден од капачите, а овој го подучил:
"Земи една краставица...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...