Владата најавува изградба на карго аеродром во Штип

Штип, 21 јануари (МИА) - На аеродромот Сушево ќе се гради карго аеродром, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на училиштето во подрачната единица Три чешми кај Штип.

- За три години во карго аеродромот треба да се инвестираат 60 милиони евра. Планирана е изградба на писта долга 2.400 метри со можност за проширување до 3.000 метри. Карго аеродромот ќе биде алтернатива на Скопскиот аеродром, а за околу 20 години може да стане и цивилен аеродром, рече Груевски.

Според него, кон крајот на февруари и почетокот на март ќе се распише меѓународен тендер за аеродромите во Македонија. Услов за идните концесионери ќе биде да ги реновираат аеродромите во Скопје и Охрид, како и да изградат карго аеродром во Штип.

Груевски додека дека истовремено со карго аеродромот ќе се гради и технолошка развојна зона од населбата Три чешми до Царинската испостава, распространета на 197 хектари земјиште.

Владата ќе почне со нивилирање на земјиштето, изградба на потребната инфраструктура и изградба на хали во кои идните инвеститори веднаш ќе можат да стартуваат со своето производство.

Со цел да се подобри и патната инфраструктура што ќе оди во прилог на развојот на Источна Македонија, се планира и изградба на автопатот Свети Николе - Миладиновци до 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуменката и и вика:
- "Замисли мајко, одев низ шумата и наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?
- "Не грижи се ќерко, само оди и изеди три лимуна"
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден за заштита на...
44 г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група...
1493.- Славниот италијански морепловец Христофер...
1776.- Американскиот конгрес донесе одлука за...