МВР билтен: Кривична пријава против сопственикот на МИК „Свети Николе“

Скопје, 14 февруари (МИА) - Струмичката полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (50) од Скопје, сопственик на МИК „Свети Николе“ и претседател на одборот на директори на АД „Малопродажба со угостителство“ –Струмица, и Т.П. (55), претседател на собранието на акционери на АД „Малопродажба со угостителствo“ –Струмица, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Двајцата пријавени во текот на јануари минатата година, соопшти денеска МВР, искористувајќи ги своите службени положби и овластувања во АД „Малопродажба со угостителство“ – Струмица, спротивно на Законот за трговски друштва, на 19 јануари годинава донеле одлука за оттуѓување недвижен имот на АД „Малопродажба со угостителство“ – Струмица со мнозинство од 57,12 отсто од гласовите од вкупниот број акции со право на глас. Иако имотот, според книговодствената вредност, надминувал 50 проценти од вредноста на целокупниот имот на акционерското друштво, тие наместо потребното двотретинско мнозинство за носење таква одлука за оттуѓување на имотот, тоа го сториле со обезбедување просто мнозинство.

Првопријавениот како мнозински акционер во АД „Малопродажба со угостителство“ –Струмица поседувал 55,15 отсто од акциите на друштвото. Покрај ова, тој преку фирмата „СИИВА“ ДОО Скопје, во која бил извршен директор со неограничени овластувања, се јавува и како заинтересирана страна по објавениот оглас за продажба на недвижниот имот на АД „Малопродажба со угостителство“  – Струмица.

Во соопштението се подвлекува дека на овој начин, преку донесување незаконска одлука и спроведување фиктивен-договорен оглас за продажба на недвижен имот, пријавените го оштетиле акционерското друштво во вредност од 19.524.978 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...