Нова спортска сала за ОУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски БродСкопје, 31 март (МИА) - Агенцијата за млади и спорт денеска свечено ќе ја пушти во употреба новата спортска сала „Свети Климент Охридски“ во истоименото основно училиште во Македонски Брод.
Салата е целосно опремена со висококвалитетна спортска опрема и реквизити за повеќе спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис и гимнастика и треба да го помогне развојот на децата, но и на локалните клубови и на рекреативците.
Отворањето на спортската сала е дел од Проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 35 спортски сали во државата.
|