МОФ бара реформи во високот образование и независен Студентски парламент

Скопје, 9 мај (МИА) - Реформи во високот образование, независен Студентски парламент, укинувањето на „монополот“ на Сојузот на студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (ССУКМ), вклучување на формални и неформални организации во образованието, како и редовен контакт со Ректоратот на Универзитетот, се барањата кои на денешната прес - конференција ги изнесе Младинскиот образовен форум (МОФ).

- По долга правна и неформална битка што ја водеше МОФ по поднесената преставка до Уставниот суд во однос на уставноста на статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и неговата противречност со стариот закон за високо образование, беа укинати членот 56 став 1 и членот 106 став 1 од статутот на УКИМ, а според овие одредби на студентите им се ограничува правото на организирање и претставување само преку ССУКМ, рече Марија Ивановска, претставник од МОФ.

МОФ семта дека според одредбите на новиот Закон за високо образование, УКИМ, како и сите останати високообразовни установи се обврзани да го воспостават Студентскиот парламент како плуралистичка форма на организирање на студентите во рамки на универзитетите.

- Овде имаме обид за трансформација на постојаното труло студентско организирање во нешто што само ќе го носи називот „Студентски парламент“ а ќе биде правен и реален наследник на Сојузот на студенти. Актуелните настани заговараат само преименување на постојниот систем во нешто што 11.000 студенти преку петиција го бараа во февруари 2007 година, додаде Александар Стојановски, координатор на студентската програма на МОФ.

Младинскиот образовен форум бара слободни и демократски непосредни избори за Студентскиот парламент, а ССУКМ да не бидат единственото тело што ќе ги претставува студентите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...