Нови археолошки наоди на локалитетот Римска терма кај Бања Банско

Струмица, 11 јуни (МИА) - По откривањето на делови од уникатен мозаик кој датира од крајот на третиот или од почетокот на четвртиот век, струмичките археолози на локалитетот Римска терма кај Бања Банско, Струмичко, постојано откриваат нови наоди меѓу кои е и мермерната статуа на богот Меркур за кого се верувало дека има исцелителна моќ. Остатокот од статуата на која и недостасуваат главата и потколениците, е висока половина метар, а нејзината првобитна големина без оштетувањата изнесувала околу метар и 20 сантиметри. Вакви статуетки на Меркур, но многу помали и изработени од бронза, на овој локалитет беа откриени пред неколку години.

- Покрај мермерната статуа интересно е и откривањето на три постаменти за скулптури и керамика, како и на уште еден објект во непосредна близина на овој бањски комплекс од доцниот римски период, кој е еден од ретките сочувани споменици од ваков вид во Европа, а на чиешто истражување, реставрација и конзервација се работи повеќе од две децении. Иако е рано за дефинитивни заклучоци, сепак, претпоставуваме дека новооткриената градба е или некаков помошен објект на постојната терма, или пак сосема друга бања. Димензиите на ѕидот се 23 метри во должина и 1,5 метри во широчина со партии што укажуваат дека објектот бил засводен, вели Ване Секулов, археолог во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица и раководител на проектот Римска терма во Бања Банско.

Во досегашните археолошки истражувања на овој бањски комплекс, кој е уникатен на Балканот според начинот на загревање од блискиот природен минерален извор, се откриени вкупно 11 простории со корисна површина од 623 метри квадратни. Од нив најсочувани се сауната и базенот за ладна вода со полукупола над кадата. Другите простории се зачувани до почетните партии од сводните конструкции и на нивната реставрација се работи континуирано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена живеат на пуст остров многу години. Еден ден уште еден маж доживува бродолом и доаѓа на островот. Мажот и жената се пресреќни поради неговотодоаѓање, зашто ќе можат да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...