На 15.06.2008 година на иницијатива на фото клубот „Фотографика“, поддржано од Град Скопје, на плоштадот Македонија се одржа првата изложба на фотографии под отворено небо „Плоштад Фотографика“.
На изложбата имаше повеќе од 1500 фотографии од 150 домашни и странски автори, како и граѓани на Скопје кои донесоа свои фотографии и ги закачија со штипки на една од жиците поставени помеѓу канделабрите на плоштадот.
Поставувањето на изложбата започна во 7 часот наутро. Поради големиот број на фотографии, изложбата беше конечно поставена во 10 часот, а веќе од 9 часот ги имаше и првите посетители, жители на Скопје кои се движеа по плоштадот.
Иако времето во утринските часови беше одлично, околу 13 часот наиде краткотраен пороен дожд пропратен со силен ветер.
Десетминутното невреме успеа да издува и откачи некои 500 фотографии и да ги растури по плоштадот.
Дел од организаторите останаа на дождот и успејаа за кратко време да ги соберат разлетаните фотографии. По заминувањето на невремето за кратко време фотографиите беа повторно на жиците. “Show must go on“ – што би рекле!
Планирано беше изложбата да трае до 21 часот, но неможевме да си дозволиме фотографиите да ги собереме пред очите на посетителите кои чекаа на ред за ги погледнат. Затоа решивме изложбата да ја продолжиме за еден час и некаде по 22 часот заврши официјалниот дел на изложбата.
Фотоклубот Фотографика е повеќе од горд од постигнатото. Изложбата доживеа прекрасен одзив кај публиката, а и кај колегите, вљубеници во фотографијата.
Најубавото од се е што во тие 12-13 часа, фотографијата беше поблиску до јавноста од било кога на овие наши простори.
Фото галерија