Претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, за денеска ја закажа првата конститутивна седница на новиот парламентарен состав.
Седницата ќе се одржи со почеток во 13 часот, во Сала 1 во Собранието на Република Македонија.
На седницата ќе бидат верификувани мандатите на 114 новоизбрани пратеници. Мандатите на шест пратеници ќе бидат дополнително верификувани, по донесување на одлуките на Врховниот суд по жалбите на подносителите на листи на одлуките на ДИК и по прегласувањето на 29 јуни.
Коалицијата “За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на предвремените парламентарни избори освои 63 пратенички места, коалицијата “Сонце“, предводена од СДСМ, 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ 1 пратеничко место.