Во Кичево изложба по повод Денот на Македонската револуционерна борбаКичево, 21 октомври (МИА) - Во чест на Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево во четврток со почеток во 18 часот и 30 минути организира изложба на фотографии и средба со роднокрајните писатели.
На изложбата насловена како „Фото сафари 2008“ ќе бидат презентирани педесетина фотографии од 36 автори направени на поголем број локации во земјава под менторство на Сара Лин - уредник за фотографија во списанието „Национал географик“.
Оваа изложба до пред неколку денови беше поставена во салонот на „Мала станица“ во Скопје.
На средбата со роднокрајните писатели публиката ќе има можност да проследи дел од творештвото на Стојмир Симјаноски, Мито Спасески, Живко Новески, Милован Стефаноски и Горан Б. Стојаноски.
|