Претседателот Црвенковски во посета на ХрватскаСкопје, 5 ноември (МИА) - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, на утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.
За време на престојот, претседателот Црвенковски, како што соопшти неговиот кабинет, покрај со својот домаќин хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, ќе се сртене и со премиерот Иво Санадер, со потпретседателот на Саборот Владимир Шекс, како и со градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.
Предвидени се средби и со претседателот на Социјалдемократската партија Зоран Милановиќ, со претседателот на Хрватската стопанска комора Надан Видошевиќ, со директорот на Агенцијата за промоција на извозот на инвестиции Слободан Мицхем и со претседателот на Хрватската задруга на работодавачи Дамир Куштрак.
Претседателот Црвенковски ќе ја посети и Риека, каде што ќе разговара со заменик жупанот на Приморско–горанската жупанија Нада Турина Ѓуриќ и со градоначалникот Војко Оберснел. На Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека официјално ќе го означи почнувањето со работа на Лекторатот за македонски јазик.
|