Конференција за дигитализацијата и нови платформи за аудио-визуелни содржини

Скопје, 13 ноември (МИА) - Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, денеска во Бизнис центарот на Скопскиот саем се одржа конференција за дигитализација и нови платформи за аудио-визуелни содржини.

- Медиумите не се како секој бизнис. Развојот на медиумската индустрија е тесно поврзана со слободата на изразување и слободната информација - принципи кон кои сите земји-членки на ОБСЕ се посветени и ги поддржуваат, рече на отворањето на конференцијата амбасадорката на ОБСЕ Наталија Дрозд.

Плурализмот и професоинализмот, според неа, тесно се поврзани со демократијата и здравата политичка култура во секоја земја.

- Во оваа земја постои дополнителен фактор во смисла на улогата на медиумот во негувањето на културниот идентитет што е важно прашање за вас и е поврзано за градење на националната доверба и стабилност, истакна Дрозд.

Димитар Букувалов од Министерството за транспорт и врски, во своето обраќање истакна дека Македонија согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација го усогласува националното со европското законодавство.

- Во делот на радиодифузијата претстои голем предизвик - имплементирање на новата директива за аудио и визулени медиумски сервиси. Имплементацијата е поголем предизвик од причина што нејзиното идно успешно спроведување зависи од степенот на развиена свест кај деловниот сектор, но и постоечките капацитети на регулаторните тела, рече Букувалов.

На конференцијата се дебатираше и за технологијата на пренос, за регулацијата на медиумите, класични и онлајн медиуми и рекламирањето во нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...