Куманово ќе ги чува старите амбиентални градби со посебни одобренија за нивна реконструкција

Куманово, 12 февруари (МИА) - Локалната самоуправа од Куманово поднела барања до повеќе странски амбасади за финансиска поддршка за реконструкција и реставрација на Занаетчискиот Дом, едно од главните одбележја на Куманово.

Со донесениот план за урбанистичко уредување, неколку значајни станбени објекти и објекти од јавен карактер нема да може да се доградуваат доколку не добијат одобрение од Асоцијацијата на архитекти, со цел да се зачува старата амбиентална градба.

- Постојат повеќе станбени објекти кои во најголем дел се лоцирани на улиците „Ленинова“, „Моша Пијаде“ и „11 Октомври“, како и во строгиот центар на градот кои се уште ја задржуваат старата градба,  вели претседателот на Здружението на архитекти од Куманово Горан Митевски.

Тој додава дека во текот на 70-тите години од минатиот век, голем дел од објектите се урнати и на нивно место се градени нови кои му даваат модерен лик на Куманово.

Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово, што е задржан и денес е рускиот инжинер Владимир Антонов, кој работел како општински инжинер. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот Дом, Бановинската градска Болница, Соколскиот дом, Хотел Куманово...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Машките трошат 2000 калории за секс, 100 на секс а 1900 на фалење.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1204.- Крстоносците во Четвртата крстоносна војна...
1654.- Ирска и Шкотска се обединија со Англија.
1823.- Роден е рускиот писател Александар...
1850.- Франција на повик на папата Пие Деветти -...