Во Битола меѓународна конференција „Враќање на Виа-Игнација“

Битола, 20 февруари (МИА) - Тридневната меѓународна конференција на тема „Враќање на стариот пат Виа-Игнација“ денеска почна во Битола со учество на гости од универзитетите во Скопје, Амстердам, Солун, Тирана, Волос, Истанбул и Рим, со археолози и научни работници од релевантни институции од овие земји.

- Виа-Игнација е стар римски пат, првично изграден заради воени цели, за побрзо движење на војската по тој пат, но римјаните овозможиле и поврзување на луѓето. Нашата сегашна идеја е да го обновиме тој пат, да заживее и повторно да се поврзат луѓето како што тоа го правиме во Европа, рече холандската амбасадорка Симоне Филипини на свеченото отворање во хотелот „Молика“.

Поддршката на овој проект за холандската амбасада е мотивирана од можноста во иднина сите земји низ кои минува овој пат меѓусебно да соработуваат, да ги привлечат туристите од Запад, да се организираат велосипедски тури и низа туристички атракции.

- Патот ќе се реконструира и ревитализира затоа што ова е граѓанска инцијатива, а не политички проект. Вакви проекти функционираат во Холандија, Белгија и Шпанија, каде што исто така римјаните изградиле патишта и по кои денес се движат редица туристи, посочи амбасадорката Филипини.

Таа најави поддршка за обезбедување финансиски средства од Европската културна фондација, како и лобирање пред владите на соодветните држави.

Проектот „Враќање на стариот пат Виа-Игнација“, поттикнат од група невладини организации од Холандија, ја доби поддршката и од битолската локална самоуправа.

- Ова е една голема традиција и богато културно наследство кое треба да ги поттикне луѓето да размислуваат за него и да го споделат со сите низ развој на туризмот, економијата и културата, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Првата конкретна активност учесниците во овој проект ќе ја имаат оваа пролет кога ќе се одржи туристичка тура од почетокот на  патот „Виа-Игнација“ во албанскиот град Драч, преку Лерин, Охрид, Битола и низ останатите градови кои се наоѓале на овој пат до Истанбул, тогашен Константинопол во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Русокоса може да поверува дека штрк може да донесе дете, но неможе да
поверува дека пајак може да и ја однесе колата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Кенија
1642. - Холандскиот морепловец Абел Тасман го...
1821.- Во Руан е роден Гистав Флобер, француски...
1922. - Во Бенешов, кај Прага, е роден Франтишек...