Грчки реакции во врска со извештајот на ЕП

Атина, 13 март (МИА) - Електронските медиуми во Атина денеска го оценуваат како „шлаканица“ за Грција извештајот за напредокот на Македонија во врска со нејзината подготовка за членство во ЕУ, одобрен вчера од Европскиот парламент бидејќи, како што оценуваат, во него како нерешено останало прашањето за името на Македонија, кое според авторот на извештајот, холандскиот европратеник Ерик Мејер, пречи на европската интеграција на земјата.

Против извештајот гласале сите грчки европратеници. Групата на владејачката партија Нова демократија во Европарламентот, смета дека текстот на извештајот не е во согласност со претходно објавената позиција на Европската комисија, дека „Македонија се уште не е подготвена за започнување преговори за членство“.

Според европратениците од опозициската Социјалистичка партија ПАСОК, Грција во извештајот била претставена како земја, која единствено ја сноси вината за задоцнетото започнување пристапни преговори на ЕУ со Македонија.

Европратеникот од Левата коалиција Димитрис Пападимулис смета дека во извештајот не е барана можност за балансиран пристап при решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.

Во документот, спорот бил посочен како главна пречка, која треба да биде надмината преку постигнување на заемно прифатливо решение од двете земји, оценуваат грчките медиуми.

Грчката информативна Интернет страница „Ин њуз“ тврди дека од извештајот бил отстранет делот во кој се барало од Грција да „престане да го користи правото на вето против Македонија и да го поддржи членството на земјата во ЕУ и во НАТО“.

Грчките медиуми коментираат дека со тој извештај Европскиот парламент уште еднаш ја потврдил целосната поддршка за европската перспектива на Македонија и за сите земји од Западен Балкан, факт, кој според европскиот законодавен орган има фундаментално значење за стабилноста и мирната иднина на регионот.

Во текстот не се предлага датум за почеток на преговори со Македонија, но се настојува датум да биде определен уште оваа година, бидејќи Комисијата сака да види колку демократски ќе бидат локалните и претседателски избори во земјата закажани кон крајот на март, коментираат грчките медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да направите вашата жена да вика додека имате секс?
- Јавете и се по телефон... каде и да сте.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1809.- Во Хамбург е роден Феликс Манделсон -...
1867.- Принцот Муцухито на 14-годишна возраст...
1909.- Роден е францускиот филмски режисер Андре...
1915.- Потпомогната со германска и...