Прашањето за името се однесува на името, затоа и така се нарекува

Скопје, 13 мај (МИА) - Прашањето за името треба да се реши, а тоа е билатерално прашање помеѓу Грција и Македонија. Ние ги охрабруваме двете страни да вложат напори и да изнајдат решение преку преговори за овој проблем со цел Македонија да ја оствари својата желба и да се приклучи кон НАТО и ЕУ, одговори американскиот амбасадор Филип Рикер на новинарско прашање како ја толкува изјавата на заменик - државниот секретар на САД Стјуард Џонс, кој ја посети земјава минатиот викенд, дека прашањето се однесува единствено за името.

- Прашањето се однесува на името, затоа и така се нарекува. Македонија и Грција треба да работат на негово решавање. САД ќе направи се да помогне во овој процес под покровителство на ОН и амбасадорот Нимиц, кој е многу активен, а слушнавте и од новиот претседател Иванов во неговиот говор на инаугурацијата дека намерата на Македонија е да вложи напори во таа насока, рече Рикер по денешното свечено предавање на опрема - донација од САД за министерствата за внатрешни работи и за финансии.

Амбасадорот Рикер изрази надеж дека ќе продолжат силните врски на САД со Македонија преку повеќе програми, како што е програмата за зајакнување на граничната контрола и превенција на трговија со опасни материјали и луѓе, а сето тоа во рамките на поддршката на земјата во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ, како и во тврдењето дека Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО. 

Кога станува збор за странските инвестиции важно е инвеститорите да можат да бидат сигурни дека судскиот процес ќе биде изведен на темелен начин, рече Рикер на новинарско прашање за спорот ЕВН - ЕЛЕМ.

- Загрижени сме околу недостатокот на транспарентност во првичниот судски процес. И загриженоста искажана од претставниците на меѓународната заедница се однесуваат на судскиот процес и како тој е спроведен. На тоа се фокусираме, и тоа го споделивме со нашите македонски колеги околу она што треба да се земе предвид ако сакате да привлечете странски инвеститори, изјави Рикер. Тој потенцира дека САД продолжуваат со напорите за Македонија да стане атрактивно место за странски инвестиции бидејќи, како што рече, сметаме дека тоа е во наш интерес, како и во интерес на Македонија. Меѓутоа, предупреди Рикер, очигледно дека треба да се обезбедат еднакви услови за игра каде инвеститорите ќе се чувствуваат сигурни дека нивните договори ќе се почитуваат, а судските процеси се правични и транспарентни во рамките на едно независно правосудство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Келнер, едно слободно место покрај прозорот ве молам... На масата да има вазна со свежо цвеќе... Внимавајте, супата не смее да биде ни ладна ни топла, би сакал и едно пиво од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Нов Зеланд
1564.- Роден е англискиот писател Кристофер...
1665.- Родена е англиската кралица Ана, која...
1685.- Умре англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт,...