Над 27 илјади осмоодделенци утре и задутре се запишуваат во средно

Скопје, 16 јуни (МИА) - За 27.160 осмооделенци утре и задутре е првиот уписен рок во јавните средни училишта во Македонија во кои според Конкурсот за 2009/2010 година има 37.536 слободни места или 38,2 отсто повеќе од бројот на полуматуранти.

На настава на македонски јазик осмо завршиле 17.360 ученици, но има места за 23.902 или 37,6 проценти повеќе, 9.178 ученици завршиле осмогодишно училиште на албански наставен јазик, а за нив има 12.750 слободни места, т.е. 38,9 отсто повеќе од нивниот број, на турски јазик завршиле 581 ученик, а се обезбедени 850 или 46,2 отсто повеќе места и за 13 ученици кои следеле настава на српски јазик има 34 односно 21,4 отсто повеќе места.

Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска на прес-конференција соопшти дека согласно Законот за задолжително средно образование што се применува од минатата година,  Министерството за образование и наука во соработка со единиците на локалната самоуправа го зголеми бројот на слободни места за да им овозможи на учениците поголема мобилност и флексибилност во изборот на струката за која ќе се определат.

Бројот на паралелки е зголемен и во гимназиското и во средното стручно образование. Нивниот вкупен број е 1.104 паралелки, од кои 703 паралелки се за настава на македонски јазик, 375 за настава на албански (87 повеќе од лани), 25 паралелки за настава на турски (осум повеќе од лани) и една паралелка за настава на српски јазик.

Резултатите од пријавувањето ќе бидат објавени на 19 јуни, а во училиштата каде што ќе има поголем број пријавени ученици од слободни места на 24 јуни ќе има квалификациско тестирање. Второто пријавување во првиот уписен рок е на 29 и 30 јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 1 јули. Вториот уписен рок во средните училишта е на 19 август, а ден потоа ќе бидат објавени резултатите.

Министерот Стојановски ги потсети родителите на законската обврска да ги запишат своите деца во средно, зашто во спротивно ќе платат 1.000  евра казна. Тој информираше дека Државниот просветен инспекторат минатата година поднел 1.382 прекршочни пријави против родители во 22 општини. Од нив најмногу има во општините Тетово (424), Гостивар (208), Куманово (130), Струга (112) и Сарај (105). Согласно законот, казните по пријавите ги изречуваат надлежните судови, каде што МОН не може да влијае.

- Очекуваме оваа година бројот на ученици кои ќе се запишат во средно образование да биде поголем од минатата година, бидејќи со поднесувањето на прекршочните пријави голем дел од родителите побараа да ги запишат своите деца во средно образование со задоцнување. Целта на Законот за задолжително средно образование оди токму во насока да обезбедиме стопроцентна опфатност на учениците кои завршуваат осмо и продолжуваат во средно, истакна Стојановски, додавајќи дека МОН и натаму ќе работи на достапност на училиштата до сите ученици, за што отвора и дисперзирани паралелки во оддалечени населени места и ги подобрува условите за ученици со хендикеп.

Министерот потсети дека од 2009/2010 година бесплатни учебници ќе имаат сите ученици во основно и средно, а не само децата од семејства што примаат социјална помош како што беше во изминатата година. Бесплатен превоз ќе имаат средношколците во прва и во втора година, т.е. оние кои се запишани од донесувањето на Законот за задолжително средно образование. За негова реализација буџерот на МОН е зголемен за 44 отсто во делот на наменските и блок-дотациите кои се пренесуваат до општините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...