Нимиц не достави нов предлог за решавање на спорот со името

Женева, 22 јуни (МИА) - Медијаторот во македонско-грчките разговори за спорот околу името Метју Нимиц на денешната рунда развовори со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, не достави нов предлог за името, туку само се идентификувале областите кои досега го кочеле процесот за донесување решение за спорот.

На прес-конференцијата по завршувањето на денешните преговори во седиштето на ОН во Женева, што се одржуваат по четиримесечен мораториум поради изборите во Македонија и во Грција, Нимиц изјави дека има подготвеност од двете страни да се преговара, но оти нема реален напредок.

- Не постигнавме напредок. Но, јас не ни очекував нешто такво, изјави Нимиц.

Според Нимиц, ова е добар момент периодот што претстои да се искористи за поттурнување на процесот, имајќи ја предвид потребата од решавање на долгогодишниот дипломатски спор, но и потребата за стабилизирање на регионот.

- Ова е доста необичен вид на спор. Има многу малку примери во историјата на таков спор, потенцира Нимиц.

Тој одби да даде детали за разговорите, само нагласи дека „на масата не биле изнесени нови предлози“. Нимиц рече дека двете страни „се длабоко вкопани во своите позиции“, но сепак изрази надеж дека „позициите може да се променат“.

- Разговорите минуваат на мирен начин и меѓу двете земји односите се подобруваат, особено во сферата на трговијата. На Балканот мирните преговори се реткост, особено за тешки прашања, рече Нимиц.

Медијаторот најави дека на 6 јули доаѓа во Скопје, а два дена подоцна и во Атина. Според најавите, на тие разговори треба да стане збор за предлот за име, за опсегот на негово користење и за механизмите со кои евентуалното решение и формално ќе го затвори спорот во ОН.

Македонскоиот амбасадор Јолевски, запрашан за македонската позиција истакна дека Македонија е подготвена за разговори и оти сака да се реши спорот, но не по цена да се загрози националниот дигнитет и идентитетот на нацијата.

Женевската рунда разговори се одржува неколку дена пред министерскиот состанок на ОБСЕ на Крф на 27 јуни, на кој ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Антонио Милошоски и Дора Бакојани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се оженил Мујо, и прва брачна ноќ. Кога што да види, Фата веќе била еб... порано.
Размислува што ќе прави, затоа што треба сабајлето да го покаже чаршафот со што ќе докаже дека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1265.- Првпат е свикан англискиот Парламент со...
1327.- Англискиот крал Едвард Втори го принуди...
1649.- Заробениот крал Чарлс Први на крајот на...
1667.- По 13-годишните борби Русија ја порази...