Промовиран спотот Охрид - Град на светлината

Видео-приказната за “Охрид-град на светлината”, од денеска се емитува на најголемата светска ТВ- мрежа, CNN. Шеесет секундниот промотивен спот е снимен на локациите Плаошник, село Трпејца, Свети Наум, Света Перивлепта, стариот град, куќата на Робевци, а во него учествуваат Каролина Гочева, Мето Jовановски и Николина Кујача. Кореографијата е на Рисима Рисимкин. Ова е трет видео материјал кој спаѓа во рамките на проектот на Владата на Р. Македонија „Македонија вечна“.


- Приказната е за впечатливиот град со историја, за балканската лулка на уметноста, религијата и културата, за градот на бисерите и добрата храна, раскажана е низ визуелната игра на сенки и светлина – изјави сценаристот и режисерот на спотот, Душан Дракалски, креативен директор во агенцијата “New Moment New Ideas Company“, - Наменет за странска промоција на Охрид, овој спот го прикажува минатото, но и современото лице на градот, како модерен туристички центар што нуди добра забава за потенцијалните странски туристи - потенцираше Дракалски.

Снимени се две верзии од спотот, едната е со музиката на Фолтин, а втората е на композиторот Дуке Бојаџиев. Според информациите овој промотивен видео материјал чини 80.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се карале три црнчиња чиј татко е поцрн:
-Татко ми кога ќе се исече, црна крв му тече!
-А татко ми кога ќе се исече, црна коска му се гледа!
-А татко ми кога ќе прдне дома,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски...
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка....
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на...
1992.- Во Скопје е формирана Македонската...