Почнуваат активностите за извлекување на „Илинден“

Охрид, 16 септември (МИА) - Група нуркачи од сплитската фирма „Дубина“ специјализирана за подводни активности, денеска ќе пристигнат на местото на потонувањето на бродот „Илинден“ и ќе започнат со инсталација на опремата за негово извлекување на брегот.

Активностите ќе стартуваат со испитување на теренот, како и со подводно снимање на трупот на потонатиот брод со посебни ултра-звучни апарати.

Иако „Илинден“ се наоѓа на само 6 до 7 метри длабочина и на неколку стотини метри од брегот, сепак активностите на извлекувањето од водите на Охридското Езеро ќе се одвиваат во неколку фази, а самиот процес не се очекува да заврши за еден ден.

Експертите вклучени во Комисијата што ги испитува причините за потонувањето на „Илинден“ инсистираа активностите на извлекувањето на бродот да го спроведува специјализирана фирма, со цел да не дојде до какво било оштетување на бродот што би и наштетило на истрагата.

Бродот „Илинден“ потона на 5 септември, кај Авто-кампот „Елешец“, при што со себе однесе 15 животи. Сите жртви беа туристи од соседна Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...