Потонатиот брод “Илинден“ денеска беше извлечен на површината на Охридското езеро по две недели на дното на езерото. Екипите на хрватската фирма “Дубина“, што беше избрана да го извлече бродот од водата, уште рано утрово почнаа со операцијата за извлекување на бродот.
Бродот се извлече во помош на балони поставени на бродот. “Илинден“ засега останува на стотина метри од брегот на езерото, а во наредниве деновите треба да биде однесен во каналот Студентчишта.
Според изјавата на Атанас Костов, дел од бугарските експерти во мешовитата комисија, прегледот на бродот откако ќе биде однесен во каналот ќе трае околу два часа.
Бродот потона на петти септември во водите на Охридското езеро пред авто кампот “Елешец“ на пат кон Свети Наум. Во трагичната несреќа загинаа 15 бугарски туристи кои патуваа на бродот.