Електричната и плинската инсталација најверојатна причина за пожарот

Охрид, 30 септември (МИА) - Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот што избувна изутрината во манастирот Св. Јован Бигорски, изјави  Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пламенот прво ги зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица. Противпожарните служби успеале да го заштитат стариот дел од црквата, а монасите ги извлекле поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Ангажирани биле и хеликоптери на АРМ кои помогнале за локализирање на пожарот.

Во Св. Јован Бигорски пристигна висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а таму е и директорот на Управа за заштита на културното наследство Паско Кузман. Местото го обезбедува полицијата. 

Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот меѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на Радика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...