МАНУ ќе ја сопре дистрибуцијата и ќе ја корeгира Енциклопедијата

 Скопје, 30 септември (МИА) - МАНУ ќе ја сопре натамошната дистрибуција на „Македонската енциклопедија“ и во најкус рок ќе ги коригира  оспорените одредници во двотомната публикација - Албанско-македонските врски и односи, Албанците во Македонија, Али Ахмети, Агресијата врз Македонија, ОНА и Гонџа Агнеза Бојаџиу.

Ова е главен заклучок на Претседателството на Академијата по денешниот неколкучасовен состанок.

Редакцијата на изданието е задолжена да ги изврши посочените исправки во соработка со членовите на МАНУ од редот на Албанците и со научни работници од редовите на немнозинските заедници во Република Македонија од соодветните научни подрачја.

Претседателството на МАНУ ќе свика вонредно собрание на Академијата, на кое ќе се расправа за реакциите, критичките забелешки и сугестии во однос на Енциклопедијата, за работата на Главната редакција и за наредните чекори кои ќе ги преземе во реализацијата на овој научен проект.

- Претседателството на МАНУ искажува длабока загриженост поради тоа што првата Македонска енциклопедија предизвика жестоки контроверзни реакции и несакано стана повод за нови меѓуетнички тензии во Р. Македонија, како и повод за серија незадоволства, анимозитети и реакции.  Претседателството на МАНУ се оградува и изразува загриженост за евентуалните ненамерни неточности содржани во првото промотивно издание на МЕ и ја уверува македонската и меѓународната јавност дека истите ќе ги коригира, без притоа да врши ревизија на историските факти и без да ги иритира колективните емоции на заедниците кои се дел од современа Р. Македонија, се наведува во соопштението што Претседателството на МАНУ го испрати до медиумите по завршување на состанокот.

Претседателството на МАНУ оценува дека Македонската академија како врвна научна и институција во Република Македонија во ниеден момент не заземала ниту споделувала со која било инстанца антиалбански анимозитет ниту продуцирала било каков вид на ксенофобичност по однос на етнички заедници во Република Македонија, ни спрема народите во регионот.

- Претседателството на Македонската академија ги отфрла непримерените обиди да се порекне и да се делегитимира МАНУ како врвна научна и уметничка институција и  жали за несоодветните формулации кои крајно неинтенционално се провлечени во некои авторски текстови и спрема коишто искажаа резерви амбасадите на САД и на Велика Британија. Реакциите на појавата на Енциклопедијата во домашната јавност покажуваат колку е важно постоењето на истраен и сериозен научен дијалог за сите отворени прашања на сегашноста и иднината. Поаѓајќи од сознанието дека науката и научниците треба да ја преземат одговорноста како главни протагонисти на векот на знаењата и науката, МАНУ, како и досега, е подготвена за научен дијалог со сите научници во Република Македонија по сите прашања третирани во проблематизираните одредници, како и за  кое било друго прашање за кое постои научен интерес, соопшти Претседателството на МАНУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...