Нема датум за преговори, ако не се реши спорот за името

Грција има “национална црвена линија, која е позната и јасна“, во однос на спорот за името со Скопје. Ова го изјавил портпаролот на грчката влада, Јоргос Петалотис, по повод развојот на настаните околу македонското прашање, пишува во своето денешно издание грчкиот весник “Катимерини“, пренесува Нетпрес.

По изјавите на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, според кого Македонија треба да добие датум за отпочнување на преговори независно од тоа дали спорот со Атина за името е решен или не, властите во Скопје тоа што се случи го претставија како историски дипломатски успех, наведува весникот.

“Тоа, што можам со сигурност да го кажам е, дека е јасно оти Македонија нема да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, ако не се реши спорот за името“, изјавил Петалотис.

Во министерството за надворешни работи на Грција сметаат дека извештајот за напредокот, презентиран од Рен, би бил уште полош, ако власта во Грција и грчкиот комесар Ставрос Димас, не успеаја во последен момент да ги вметнат забелешките во однос на спорот за името, се вели понатака во текстот. Според весникот, идеална варијанта за грчката страна би било до декември да се најде решение во спорот, за да не се одлага давањето на датум за отпочнување на преговори меѓу Македонија и ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Знаеш ли миличок дека карбураторот од нашиот
. .*Мерцедес* е полн со вода?!
- Не е можно!
- Јас ти велам дека навистина карбураторот од
. .нашиот *Мерцедес* е полн со...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1258.- Тамерлан го зазеде Багдад. Монголците...
1502.- Португалскиот морепловец, Васко де Гама...
1515.- Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански...
1736.- Седумгодишната војна заврши со склучување...