Светската галерија на карикатури „Остен“ по 37-ми пат во Скопје

Скопје, 20 октомври (МИА) - На 22 октомври во Скопје по три години пауза ќе биде отворена традиционалната 37-ма Светска галерија на карикатури „Остен“.

Годинава на галеријата со свои дела се пријавија 300 автори од 40 земји кои доставија околу 600 карикатури на слободна тема, по сопствен избор.

На 18 и 19 септември меѓународното жири одлучи Гран при наградата за најдобра карикатура да му ја додели на Роберт Дандаров од САД, првата награда му припадна на Македонецот Мирослав Георгиевски-Миро, второпласиран е Бретислав Коварик од Чешка, додека третата награда ја понесе Румен Драгостинов од Бугарија.

- Имав чест во 1969 година прв да ја иницирам оваа галерија, која е единствена и водечка манифестација. Се надевам дека идните генерации ќе ја продолжат нашата традиција затоа што хуморот и сатирата се неопходни во овие времиња, рече на денешната прес - конференција Дарко Марковиќ, карикатурист и претседател на жири комисијата на „Остен“.

Во новите простории на „Остен“ в четврток на свеченото отворање посетителите на галеријата ќе имаат можност да видат околу 250 изложени карикатури и да се запознаат со голем дел од карикатуристите. Изработен е и каталог со сите карикатури кои ќе им биде поделен на посетителите.

Организаторите ја најавија и Светската галерија на цртежи која е закажана за 10 декември годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...