Скопје, 28 октомври (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во Брисел.
Груевски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе има одвоени средби со еврокомесарот за проширување Оли Рен и со високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана.
Македонскиот премиер утре ќе учествува на Самитот на европските народни партии што се одржува во Брисел.