Договорена средба Груевски - Папандреу во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел ќе има средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините од состанокот на Советот на ЕУ.

Средбата, како што јави грчката национална новинска агенција АНА-МПА, била иницирана од Папандреу за време на вчерашниот телефонски разговор со Груевски, кој притоа му го честитал изборот за нов премиер на Грција.
На првата средба Груевски - Папандреу се очекува да стане збор за повеќегодишното отворено прашање за името меѓу Македонија и Грција и за македонските евроатлански перспективи, а во тој контекст за добиениот позитивен извештај од ЕК и препораката за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Македонскиот премиер по синоќешната средба во Брисел со високиот претставник не ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, изјави дека по позитивниот извештај и препораката од ЕК и очекуваната визна либерализација, Македонија останува посветена на решавање на другите преостанати прашања, вклучувајќи го и проблемот со името што го наметна Грција. Осврнувајќи се на македонско-грчкиот спор, Груевски нагласи дека како и секое решение, и ова ќе зависи не само од една, туку од двете страни.

- Се надевам дека новата грчка влада ќе има сериозен пристап кон ова прашање, дека ќе го вброи во приоритетите и дека ќе влезе во разговорите со желба да постигне одредено решение, рече премиерот.
Според него, политиката на блокади во изминатиот период не даде многу прогрес. - Погледнато наназад, ако тоа се анализира, ќе се види дека тие политики не придонесоа за каков било напредок. Потребно е повеќе позитивна енергија и, како и за секоја друга работа, многу работа и многу посветеност, порача Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно до декември за кога е закажан состанокот на Советот на ЕУ, да се најде решение за спорот со името, Груевски рече дека не може да даде ниту позитивен, ниту негативен одговор.

- Единствено можам да кажам дека Република Македонија ќе даде се што е во нејзина моќ што порано да се најде решение за прашањето, нагласи премиерот Груевски.
Солана, пак, прашан за дали има политичката волја на грчката страна за решавање на прашањето, Солана со одговор: - „Ние сакаме да се реши прашањето колку порано, толку подобро. Не можам да одговорам во име на грчката Влада, добро го познавам премиерот, тој ми е добар пријател. Сигурен сум дека обајцата, и Никола и Папандреу ќе вложат сопствени напори да го решат, можам да го кажам само тоа.

Немам подготвена формула која би можел сега да ја изложам за решавање на тој проблем“.
Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе учествува на Самитот на европските народни партии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...