Досега регистрирани 107 случаи со А (Х1Н1)

Скопје, 9 ноември (МИА) - Во последните 24 часа регистрирани се 13 лица позитивни на новиот грип од типот А (Х1Н1). Вчера се прегледани 63 сомнителни пациенти за кои се чека лабораториска потврда дали се заболени, со што бројот на позитивни случаи моментално изнесува 107 лица.

Според анализите кои на денешната средба со новинарите ги соопшти претседателот на Комисијата за пандемски грип Јованка Костовска, околу 68 отсто од заболените лица се на возраст од 10 до 25 години, процентот во однос на заболени мажи и жени е речиси ист, 85 отсто од позитивните случаи се од Скопје, вкупно 34,6 отсто се ученици, а најголем број пријави за сомнителни случаи се забележани минатата недела.

Вкупно 28 случаи од заболените не дале податок дека биле надвор од Македонија, а тие што потврдиле најчесто биле на пат во Турција.

- Според податоците, меѓу заболените има две бремени жени, четири здравствени работници, а најголем број од заболените ученици се од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, рече Костовска.

Заклучно со вчера, регистрирани се еден случај на заболен ученик во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, два случаи во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“, еден во ОУ „Браќа Миладиновци“, еден професор во гимназијата „Кочо Рацин“, двајца во ОУ „Гоце Делчев“, еден во ОУ „Партенија Зографски“, еден во ОУ „Војдан Чернодрински“, еден случај во ОУ „Васил Главинов“ и еден нов случај во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовски“.

Засега, според Костовска, затворање на училишта и прекинување на образовниот процес нема да има.

Најголем број на хоспитализираните пациенти се со лесна клиничка слика, која подразбира симптоми на обичниот сезонски грип. Кај потешките случаи телесната температура достигнува до 40 степени и се јавуваат силни и интензивни болки во коските. Од ресорното Министерство велат дека лицето кое еднаш го прележало грипот од тип А (Х1Н1) не може повторно да заболи.

На Клиниката за инфективни болести засега се хоспитализирани 12 лица со потешка клиничка слика, од кои двајца, покрај потврдата дека се заболени од грипот имаат и пневмонија.

Се препорачува сите сомнителни случаи веднаш да се јават кај матичните лекари, а ординациите да ги посетуваат со маски, од каде ќе бидат упатени што да преземат понатаму. Масовно носење маски се уште не се препорачува, а препорака од ресорното Министерство е во овој период да не се организираат екскурзии и масовни собири.

Во текот на овој месец треба да пристигне првата доза од 100.000 вакцини против грипот. Први за вакцинација ќе бидат ризичните групи во кои спаѓаат хронично болните лица, хронично болните деца, здравите деца и бремените жени.

Засега, одредена доза од лекот „тамифлу“ им се дава на сомнителните и на потврдените случаи. Доктор Костовска истакна дека од лекот здравствената состојба значително се подобрува.

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ рече дека активностите на Клиниката се значително зголемени и постоечкиот персонал дополнително се ангажира. Во случај на масовна епидемија, капацитетите ќе бидат зголемени за 100 отсто.

Според проценките на Министерството за здравство, се предвидува грипот да трае до март следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...