Европскиот парламент препорача укинување на визите од 19 декември

Брисел, 12 ноември (МИА) - Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се препорачува укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19 декември годинава наместо на 1 јануари 2010 како што предложи Европската комисија.

Во дебатата што почна доцна синоќа европарламентарците искажаа поддршка за симнувањето на визната бариера за трите земји, а еврокомесарот за правда Жак Баро го оцени овој чин како „историски“.

Известувачот на Европскиот парламент за визната либерализација, словенечката европратеничка Тања Фајон, изрази задоволство поради скорешното укинување на визите за трите земји, чии граѓани, како што посочи, досега беа поизолирани и со поограничени права и слобода на патување од времето на поранешна Југославија.  

Резолуцијата што ја изгласа денеска Европскиот парламент не е обврзувачка, но има политичко влијание при носењето на одлуките во ЕУ.

Конечната одлука за симнувањето на шенгенската визна бариера за Македонија, за Србија и за Црна Гора треба да ја донесат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ на 30 ноември. Одлуката не се носи со консензус туку со квалификувано мнозинство, односно треба да ја поддржат две третини од земјите членки на Унијата. Доколку биде усвоена, одлуката треба да биде објавена во службениот весник на ЕУ, а вообичаено согласно правната процедура, стапува во сила 20-от ден од објавувањето.

ЕК на 15 јули препорача укинување на визната бариера за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора. Со тоа, државјаните на трите земји веќе нема да мора да поминуваат низ долготрајните процедури за добивање визи и ќе можат слободно да се движат во државите од Шенгенскиот договор. Се оценува и дека олеснетото патување во ЕУ значајно ќе придонесе и кон процесот на евроинтеграција на земјите од Балканот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Му дошла на Трпе таштата на гости, па Трпе ја прашува:
- Бабо, колку време планираш да останеш?
- Па додека не ви досадам.
- Ауу, зошто толку кратко???

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1493.- На своето второ патување за Америка, на...
1600.- Роден е англискиот крал Чарлс I Стјуарт,...
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама на...
1711.- Во селото Мишанинско, е роден Михаил...