Жените се поприсутни во политиката и во државната администрација, но не на високи функции

Скопје, 16 декември (МИА) - Учеството на жените во политиката на парламентарно ниво бележи определен напредок, но нивното учество на највисоките функции во извршната власт е на многу ниско ниво, покажуваат анализите што деенска ги презентира Центарот за истражување и креирање политики.

На парламентарно ниво споредено од осамостојувањето до денес се забележува позитивен тренд на зголемување на бројот на жените и задоволен е минималниот праг од 30 проценти, додека на локално ниво ситуацијата е иста како онаа од 1996 година кога немаше ниту една жена градоначалник.

- Она што е можеби попроблематично е тоа што Изборниот законик иако придонесе во голема мера за унапредување на ситуацијата во поглед на политичкото учество на жените, сепак тој не е доволно силна гаранција да одговори на оние забележани притисоци каде честопати жените само формално фигурираат на кандидатските листи за потоа да бидат предмет на притисоци со цел да се откажат во интерес на следниот машки кандидат на листата, истакна Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики.

Во таа насока се движат и препораките на Центарот, според кој потребна е итна интервенција на законската рамка со цел да се допрецизираат членовите што се однесуваат на завршувањето на мандатот, односно во случај на престанок на мандатот на жена кандидатка, нејзиното место да не го замени слендиот кандидат, туку следната жена од кандидатската листа. 

Во државната администрација бројот на жените е голем, меѓутоа нивното место во хиерархијата е на многу ниско ниво.

Од Центарот за истражување и креирање политики сметаат дека со еден посеопфатен пристап и со соодветна анализа на законската рамка, како и дефинирање на критичните точки би требало да се надмине моменталната ситуација со учеството на жените во политиката и во јавната администрација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Женска во кафич му одговара на Трпе:
- Абе, ќе ти го дадев телефонот, ама уште немам идентификатор.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот...
1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по...
1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната под...
1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа...