Промовиран Адресар на организациите на иселениците од Македонија

Скопје, 17 декември (МИА) - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Агенцијата за иселеништво на Републка Македонија денеска промовираа Адресар на организациите на иселениците од Македонија.

Адресарот опфаќа 584 организации од 25 земји, а има за цел да ја подобри информираноста за организациите на иселениците, да се обезбедат основните информации да се овозможи првиот контакт, информира Александар Кржаловски извршен директор на МЦМС. Тој посочи дека најголемиот број организации се од Aвстралија 191, дoдека Швајцарија, САД, Германија, Канада се со по 50 до 60 организации. Податоците содржани во адресарот се на македонски, а има и превод на албански, англиски и на јазиците на организациите од другите етнички заедници.

- Адресарот не ги опфаќа оние што се со постојано место на живеење во соседните земји, бидејќи таму се работи за национални малцинства, граѓани без оглед на етничкиот и верски идентитет кои потекнуваат од Македонија, појасни Кржаловски.

Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора, смета дека адресарот ќе биде особено важен за полесна комуникација и координација меѓу иселениците и ќе биде од голема корист за одржување контакти на Mакедонците со овие организации.

- Адресарот е еден чекор кон обединување на Mакедонците ширум светот. Обединети можеме и ќе успееме да се избориме за нашата рамноправност во  целиот свет и да му покажеме на светот дека заслужуваме да бидеме дел од светските глобални организации и алијанси, рече Колоски.

Според него, адресарот е од голема важност, бидејќи како што посочи, прв пат некој се обиде и успеа да  собере толку многу информации за македонските организации од дијаспората, изразувајќи надеж дека ќе најде примена кај сите Mакедонци.

Прашан за став за случувањата околу спорот со Грција, Колoски рече дека преку адресарот ќе може да ги исконтактираат сите организации и да ги слушнат ставовите на сите македонски организации низ светот, околу овие битни прашања.

- За името, човековите права, ЕУ и НАТО, знаете дека ставот на Обединета македонска дијаспора е дека не прифаќаме промена на уставното име и оти мора да се зачува идентитетот и јазикот на Република Македонија, тоа може да се сподели и со цела дијаспора, рече Колoски.

Тој изрази надеж дека НАТО и ЕУ ќе дозволат Македонија да напредува како членка бидејќи се наоѓа во Европа и местото и е во Европската унија. - За жал се вршат доста притисоци од нашиот јужен сосед. Се надевам дека во наредните шест месеци би можеле да го добиеме барем датумот за преговори и сметаме дека името не треба да биде пречка за Македонија да влезе во тие институции, посочи претседателот на Обединетата македонска дијаспора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто кога плавуша паѓа на земја секогаш паѓа со раширени нозе.
- Затоа што книгата се отвара таму каде што е највеќе читана.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1836.- Шпанија ја призна независноста на Мексико,...
1856.- Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот...
1879.- Во несреќата на патнички воз на линијата...
1882.- Роден е англискиот астроном и математичар...