Промовиран oпозициски фронт

Скопје, 1 февруари (МИА) - Дванаесет политички партии од опозицијата предводени од СДСМ денеска потпишаа Платформа за политичко дејствување, која има за цел  промена на актуелната власт.

Зад Платформата застанаа СДСМ, НСДП, ЛПМ, Нова алтернатива, како и Партијата на слободни демократи, Движењето за национално единство на Турците од Гостивар, Демократскиот сојуз на Власите од Македонија, Сојузот на титови леви сили, Партијата на пензионерите на Македонија, Граѓанско-либералната партија на Македонија, Зелената партија и Прогресивната партија. Со документот партиите, меѓу другото се обврзуваат дека рамноправно и активно ќе соработуваат и спроведуваат активности во насока на политички пораз на владините политики на следните парламентарни избори кога и да се одржат тие, како и дека поединечно и заеднички ќе ги промовираат стратешките интереси на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, за унапредување на меѓуетничките односи и за развивање на добрососедски односи.

- Со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ни се отворија битки кои како држава мислевме дека ги имаме добиено. Затоа на власта и отворивме фронт. Овој политички фронт не може да се помири со општото уназадување на државата. За да ги афирмираме оние вредности кои се или загрозени или уништени, го отвораме фронтот и најавуваме борба за враќање на демократијата и на достоинството на човекот, рече Ѓорѓи Оровчанец од Нова алтернатива, кој се обрати од име на потписниците на Платформата.

Меѓу клучни предизвици на отворениот опозициски фронт тој ги наведе запирањето на економскиот пад, на партизацијата на општеството, криминалот и корупцијата, на уназадувањето на демократијата и основните човекови права и слободи и борбата против уривањето на правната држава од страна на власта. Опозицискиот фронт ќе се спротивстави и како што рече, на популизмот на власта и проблематизирањето на идентитетот на Македоцнецот, кој според него, знае кој е и што е.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека формирањето на опозицискиот фронт е важен настан во клучен момент за Македонија и потенцира оти се отворени за сите политички партии, за формални и неформални коалиции со социјалниот сектор, здруженија на граѓани, со НВО-секторот, со поединци. - Наша цел, наша задача е да ја поразиме оваа политика на Груевски и ние сме подготвени таа должност да ја исполниме, рече Црвенковски. Тој оцени дека обединувањето на опозицијата било овозможено од лошата политика на премиерот Груевски.

- Ова е период во којшто сите ги ставивме суетите и теснопартиските интереси на страна и се обединуваме заради интересот на државата и граѓаните на Република Македонија, рече претседателот на СДСМ.

Според него, опозицискиот фронт е подготвен подеднакво да гради односи со сите партии на етничките Албанци и со оние од опозицијата, но и со оние од власта. Отворени за соработка и контакти се и со сите политички партии од владината коалиција, со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што вели, таа партија е главен виновник за она што и се случува денес на Македонија.

Лидерот на НСДП Тито Петковски рече дека смета оти со формирањето на овој фронт за поорганизирано делување на терен и во Парламентот, „опозицијата е посериозна закана за власта“ и очекува кон Платформата да се приклучат и партии како Обединети за Македонија, ВМРО-НП, ЛДП бидејќи, вели, тие делуваат како опозиција.

- Јас сум сигурен дека оваа власт ќе се делегитимира бидејќи таа ја троши последната четврта година од својот мандат. Состојбите во државата се полоши и ги мотивираат политички партии, граѓани, интелектуалци да се приклучат кон делегетимацијата, ако ништо друго барем сериозно да ја опоменат власта дека вака не смее да владее и дека треба да се свртат кон интересите на Република Македонија, рече Петковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...