Презентиран проектот „Скопје 2014“

Скопје, 4 февруари (МИА) - Споменици на историски личности од мермер и бронза, фонтани, скулптури и нови згради на институции, се предвидуваат според проектот „Скопје 2014“ за централното градско подрачје, што денеска беше визуелно претставен, во организација на општина Центар.

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ потенцира дека во Скопје до сега има само два споменици, споменикот на ослободителите на градот, изработен пред 60 години, и споменикот на Гоце Делчев, подарок од Бугарија, а поставен во 1966 година.

- Скопје треба да има ново лице. Од град со сив, соц-реалистички стил да направиме естетска природа. Центарот на Скопје да го доработиме и измениме во една заокружена архитектонска и урбанистичка целина, која на градот ќе му даде уметнички израз, рече Тодоровиќ.

Тој најави дека се работи на поставување на двата постаменти за спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев, а во текот на денот, како што рече, ќе почнат и градежните работи. Тодоровиќ најави дека на плоштадот ќе почне дислокација на инфраструктурата за изградбата на фонтаната. Наредните денови ќе почне изградбата и на постаментите за двата лава, кои ќе бидат поставени пред мостот „Гоце Делчев“, доаѓајќи од Владата кон мостот.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека заложбата на Владата е да остави значен белег, вреден документ за времето во кое дејствувале.

Со визуелизацијата на овој проект, како што рече таа, се добива метропола богата со знаменитости, со личности и градби, низ кои проникнува македонскиот идентитет.

Канческа-Милевска потенцира дека по 90 години скопјани ќе имаат завршен плоштад, а многу институции ќе добијат свои простории, како Министерството за надворешни работи, Уставниот суд, Архивот на Република Македонија.

Спомениците на Методија Андонов Ченто, Цар Самоил и Јустинијан Први се изработуваат од мермер, а сите останати меѓу кои и на Гоце Делчев, Даме Груев, на Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,... ќе бидат во бронза.

Според деталниот урбанистички план, спроти кафе барот Тренд и на локацијата до поранешниот Офицерски дом е планирана изградба на хотели. Предвидена е изградба и на православен црковен храм „Св. Константин и Елена“. Локацијата и припаѓа на МПЦ која одлучува кога ќе се реализира нејзината изградбата на црквата.

На плоштадот „Македонија“ ќе има фонтана со споменик на Александар Македонски на Букефал, која ќе почне да се гради откако ќе се дислоцира подземната инсталација, каблите и цевките. Општина Центар за тоа предвидува најмалку два месеца, а целата работата се очекува да заврши во период од околу една година. Предвидено е фонтаната да биде пуштена во употреба без споменикот на Александар Македонски. Таа ќе има шест програми на движење на водата, а навечер и светлосни ефекти во ритамот на различни музички нумери.


Фонтана ќе има и на плоштадот „Карпошово востание“, од спротивната страна на Камениот мост. Фонтаните, пак, кои треба да се поставуваат во Вардар ќе ги изведува компанијата „Ла Моне Моредо“ од Италија, а градежните работи ќе почнат годинава кога ќе има низок водостој на реката. Водениот столб на фонтаните се очекува да достигне до 30 метри.

Од другата страна на Вардар ќе бидат објектот на стариот театар во Скоје и Музејот на македонската борба, како и зградата во која ќе бидат сместени Уставнот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. Во нивна близина е предвидена изградба и на објекти за МНР, Агенцијата за електронски комуникации, за Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Објектот на новата концертна сала на Македонската филхармонија треба да биде целосно завршен до крајот на 2012.

Пешачкиот мост „Око“ кој води кон зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј се предвидува да има 28 скулптури високи по два метра, изработени од бронза. Се очекува изградбата на мостот да продолжи во март или април 2010.

Мостот на уметноста или пешачки мост кој оди кон зградата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција е во фаза на конкурс. И на овој мост се предвидени 28 скулптури од бронза, високи два метра симетрично поставени на двете огради. Тука се очекува да се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Григор Прличев, Ацо Шопов и други.

Ќе бидат заменети и оградите на мостовите Гоце Делчев, Нов мост и Мостот на револуцијата.

Надградбата на зградата на Парламентот со уште еден кат и поставување куполи се очекува да почне во средината на 2010 година. Со новиот кат се предвидува секој пратеник да добие просторија каде ќе може да врши прием на граѓани.

На плоштадот „Пела“ ќе има порта „Македонија“ или „Македонска борба“ или „Порта на македонска независност“, проект на Министерството за култура.

На местото на поранешната Народна банка на Македонија се предвидува деловен објект. На еден дел, пак, од поранешната стоковна куќа ТИПО или Сити центарот се планира монтирање на големи монитори според визуелизацијата.

Ќе се обновуваат и фасадите на зградите во строгиот центар на Скопје за да одговараат на новиот лик на централното градско подрачје. Градот наскоро ќе објави конкурс за идејно решение на овој проект, а изградбата се очекува да почне во 2011.

На визулизација на проектот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Дежурниот спикер ги буди Црногорците.
- Добро утро, јунаци! Ајде да вежбаме. Одиме: Горе-долу, горе-долу, горе-долу, ајде сега другото око.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Христијаните кои се придржуваат на...
800.- Папата Лав Трети во Рим го круниса...
1066.- Во Вестминстерската катедрала во Лондон...
1642. - Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски...