Претседателот Иванов на инаугурација на новоизбраниот хрватски претседател Иво ЈосиповиќЗагреб, 18 февруари (МИА) - Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов денеска во Загреб ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ.
Предвидено е претседателот Иванов да има билатерални средби со неговите колеги од Хрватска, Словенија и Косово, Иво Јосиповиќ, Данило Тирк и Фатмир Сејдиу.
Иво Јосиповиќ беше избран за прв човек на Република Хрватска на 10 јануари годинава со што стана трет претседател по осамостојувањето на земјата во 1991 година.
|