Врачување на наградата Млад научник на годината за 2009-та од Фондот „Вита Поп-Јорданова“

Скопје, 9 март (МИА) - Д-р Петре Макревски и м-р Марјан Петрески се добитници на наградата „Млад научник на годината“ за 2009-та, што ја доделува Фондот за млади научници „Вита Поп-Јорданова“. Наградата ќе им биде врачена денеска напладне во Македонската академија на науките и уметностите.

Одлуката ја донесе Одборот на Фондот, составен од академиците Момир Поленаковиќ (претседател), Томе Бошевски, Љупчо Коцарев, Луан Старова и Таки Фити.

Врачувањето на наградата ќе почне со поздравен говор на претседателот на Академијата Георги Старделов, а одлуката ќе ја образложи претседателот на Одборот за доделување на наградата, академик Поленаковиќ. Добитниците на наградата ќе ги претстават академиците Глигор Јовановски и Таки Фити.

Одборот на Фондот секоја година доделува награда за млад научник на годината, а добитникот се избира на јавен конкурс. Наградата се доделува за научни трудови објавени во последните три години, евалуирани според меѓународни критериуми.

Наградата е востановена во 2002 година и се доделува од Фондот „Вита Поп-Јорданова“, донација од нејзиното семејство. Поп-Јорданова била студентка по медицина и загинала во 1943 година на Скопска Црна Гора при придружување на британската воена мисија од Албанија кон Бугарија. Поетот Ацо Шопов за нејзиното загинување ја посветил песната „На Карадак“.

Прва во 2002 година наградата ја доби Наташа Марковска, а во наредните години за млади научници на годината беа избрани: Мирко Тодоровски (2003), Љупчо Пејов (2004), Софија Грандаковска (2005), Александар Ѓурчиновски (2006), Ветон Љатифи (2007), Жидас Даскаловски и Мајлинда Фетаи (2008).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...