Анкета за меѓуетничките односи и „Скопје 2014“

Скопје, 19 март (МИА) - Македонците и Албанците во Македонија имаат поделени мислења за меѓуетничките односи во државата. За 58 отсто од Албанците тие се влошени, додека две третини од Македонците мислат дека се добри, покажуваат резултатите од анкетата на дневниот весник „Дневник“ спроведена од агенцијата „Рејтинг“ од 12 до 15 март на примерок од 1.080 граѓани.

Граѓаните биле прашани и за проектот „Скопје 2014“. Го поддржуваат 39 отсто од анкетитираните, од кои 19 проценти во целост, а против се изјасниле 58 отсто.

Сашо Кокаланов, главен и одговорен уредник на „Дневник“, на денешната презентација на анкетата, рече се определиле за овие две теми бидејќи се актуелни и за нив се дебатира.

Генерално, на прашањето како ги гледаат меѓуетничките односи, 17 отсто одговориле дека тие се добри, а 38 отсто мислат дека се лоши. Како ниту добри, ниту лоши ги оценуваат 44 проценти од граѓаните. Една третина сметаат дека во овој момент ризикот за меѓуетнички конфликт е голем, а 60% оти е мал. Голем ризик за меѓуетнички конфликт сметаат дека има 28% од Македонците и 47% од Албанците. Мал ризик за меѓуетнички конфликт гледаат 66% од Македонците и 45% од Албанците.

За проектот „Скопје 2014“, пак, според Кокаланов, многу се дискутирало во медиумите, но не добиле јасна претстава дали граѓаните го поддржуваат, што мислат за конкретни градби и споменици. Анкетата покажала дека проектот има поголема поддршка на ниво на Град Скопје, во однос на граѓаните од цела Македонија.

- Постои голема поделеност во ставовите на Македонците и Албанците во врска со проектот „Скопје 2014“. Резултатите покажуваат дека 49 отсто од Македонците целосно или главно не го подржуваат овој проект, додека процентот на Албанците кои одговориле дека не го подржуваат е речиси двојно поголем и изнесува 86 отсто, од кои 82 се изјасниле дека воопшто не го подржуваат, рече Кокаланов.

Тој посочи дека Народниот театар има поддршка од 61 отсто од граѓаните, зградата на Филхармонијата 55, а Уставниот суд 52, Офицерскиот дом 49 отсто, споменикот на Александар Македонски 47 отсто, додека мостот „Око“ со спомениците има поддршка од 41 отсто од граѓаните. Триесет и четири проценти сметаат дека доколку се гради црква би требало да се изгради и џамија на плоштадот, а исто толку оти треба да има црква, но не и џамија. Речиси секој трет анкетиран (28%), пак, смета дека не треба да се гради ниту црква, ниту џамија.

Истражувањето се реализирало по повод 14-годишниот јубилеј на „Дневник“. Кокаланов најави дека истражувања на различни општествени теми ќе бидат правени на секои два месеца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Од што умре Вашата прва жена? - судијата го прашува осомничениот.
-Јадеше отровни печурки.
-А како почина вторта?
-И таа јадеше отровни печурки.
-Немојте да ми кажете дека и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
1865.- Во Бомбај, Индија, е роден Радјард...
1909.- Убиен е Ѕоле Стојчев, македонски...
1911.- Во Кина е укината монархијата, а на чело...
1943.- Бугарските сили и контрачетниците од...