Возот од Скопје за Кичево удрил во камена пречка кај РатаеГостивар, 19 мај 2010 (МИА) - Патничкиот воз кој сообраќал на линијата Скопје - Кичево завчера околу 18 часот налетал на пречка од камења, во близина на тетовското село Ратае.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи - Тетово, од ударот во камењата, оштетен е браникот на локомотивата. Повредени нема.
Случајот го пријавиле одговорните од Службата за обезбедување во „Македонски Железници“ откако возот влегол во железничката станица Тетово. На местото на настанот увид извршиле екипа од СВР Тетово, по што е утврдено дека непознати лица, во близина на тетовското село Ратае, поставиле препрека од камења на пругата.
За изминатово деноноќие, ова е втор ваков инцидент на овој дел од пругата. Првиот беше регистриран синоќа, а препреката била поставена на друга локација.
|