Македонија не смее да го смени своето име

Охрид, 6 август 2010 (МИА) - Македонија никако не смее да го смени своето име и да и попушти на Грција. Ако тоа го стори, тогаш Грција ќе поставува нови и нови барања се додека не ја постигне својата крајна цел, а тоа е Македонија да ја снема од мапата, вели првиот медијатор во грчко-македонскиот спор околу името амбасадорот Робин О Нил.

На вчерашната прва меѓународна интернет ТВ конференција "Македонија: нашето име и идентитет, нашата гордост и достоинство" што ја емитуваше охридската телевизија НТВ, О Нил порача Македонија засилено да работи на приемот во ЕУ и НАТО.

- Македонија веќе има две имиња, трето не и треба. Државата мора да ја има како приоритет засилената работа на прием во ЕУ и НАТО. Кога ова ќе се постигне, нејзиното привремено име ќе ја изгуби сета своја важност и релевантност. Мора засилено да работи на тоа, напомена амбасадорот.

Според него, Грција не ги почитува условите од Привремената спогодба што и дава право на Македонија да инсистира на членство во ЕУ и НАТО под името договорено со Резолуцијата 817.

- Го велам ова зашто сум убеден дека ова име е само за привремена употреба и во догледно време ќе престане да биде важечко. Но, ако Македонија прифати кое било друго име како на пример Република Македонија-Вардар или Република Северна, Горна или каква било друга Македонија, Грција ќе биде уште повеќе осоколена да продолжи со други барања и уцени кои би биле губитнички-кобни за Македонците и за Македонија, смета О Нил.

Тој потсети на неговиот предлог „Република Македонија - Скопје“ што го даде кога беше прв посредник во грчко-македонскиот спор во 1992 година, како компромис за условен прием на земјата во ОН и за привремена употреба до изнаоѓање крајно решение. Но, Грција, нагласи, го одби. 

Професорот Аристотелис Цампарис од атинскиот универзитет „Пиреа“, пак, оцени дека „постои ретка можност спорот за името да биде решен до ноември годинава“.

- Сега постои една ретка можност да се дојде до конечно решение во спорот со кое нема да има ниту победници, ниту поразени. Со оглед дека и во двете земји има влади кои како никогаш досега се подготвени на компромис, гледам можност да се изнајде решение преку тој отворен прозорец на можности што ќе се затвори во ноември, рече Цампарис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се карале три црнчиња чиј татко е поцрн:
-Татко ми кога ќе се исече, црна крв му тече!
-А татко ми кога ќе се исече, црна коска му се гледа!
-А татко ми кога ќе прдне дома,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски...
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка....
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на...
1992.- Во Скопје е формирана Македонската...