Македонија подготвува тимови за брз почеток на преговорите со ЕУ

Македонија подготвува тимови кои ќе бидат целосно способни веднаш да започнат преговори со ЕУ штом биде надминат спорот со името. За таа цел се ангажирани околу 850 лица вработени во јавната администрација во различни области кои учат од искуствата на Хрватска која е во фаза на преговори со Унијата, а се консултираат и со Словенија и со други земји, изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски.

- На некој начин овие лица како тимови се задолжени да подготвуваат и посебна стратегија во делот на преговорите така што вршиме одредени подготовки за оној момент кога ќе се надмине спорот да бидеме подготвени за брз почеток на преговорите. Значи да не почнува тогаш од нула да формираме тимови, тогаш да ги обучуваме, тогаш да почнат да разговараат со други држави како тие поминале туку тоа да го прават сега и оној момент кога ќе дојде до добивање датум за почеток на преговори да имаме целосно подготвени тимови, само да се каже кој ќе биде шефот на преговарачкиот тим односно главниот преговарач и да се тргне во преговори, рече Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат Љубанци-Љуботен на Скопска Црна Гора.

Тој додаде дека доколку се укаже потреба можно е да бидат ангажирани и одредени странски консултанти во преговорите со цел побргу да се остварат зацртаните цели.
Премеирот Груевски ги отфрли како неточни денешните обвинувања на НВО Реалитети дека Владата недоволно инвестира во области каде што има доминатно албанско население. Според него станува збор за, како што истакна, ставови на лица кои се партиски обоени, а се затскриваат зад невладина организација, со цел да го дескредитираат него и Владата, а што е вели легитимно.


- Не е точно дека инвестираме на места каде што не живеат Албанци. Еве денеска сме во село кое што е со доминатно албанско население. Инвестираме во Тетово градиме универзитет од 10-11 милиони евра, инвестираме во патишта, во спортски објекти итн., така што во целост го демантирам фактот дека имаме селективно инвестирање. Напротив се обидуваме да имаме рамномерно инвестирање насекаде, во сите делови на земјата затоа што сите граѓани на Македонија заслужуваат од средствата што се одвојуваат во буџетот да видат благодет во местата во кои што има некакви недостатоци, рече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се карале три црнчиња чиј татко е поцрн:
-Татко ми кога ќе се исече, црна крв му тече!
-А татко ми кога ќе се исече, црна коска му се гледа!
-А татко ми кога ќе прдне дома,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски...
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка....
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на...
1992.- Во Скопје е формирана Македонската...