Блиц: Србинот обвинет за убиството на Дејан Новаковиќ во Охрид е член на криминалната група „Пинк Пантер“Охрид, 31 август 2010 (МИА) - Драган Ѓорѓевиќ (29) од Лесковац, по кого трага македонската полиција по бегството од Охрид каде беше дел од групата која доби кривични пријави за свирепото убиство на 34- годишниот белграѓанец Дејан Новаковиќ, е член на криминалната група „Пинк Пантер“ која во светот е позната по грабежи на златари, тврди српскиот весник „Блиц“.
Според весникот, пред три години Ѓорѓевиќ е уапсен во Холандија заради сомнеж дека е член на групата која во април 2007 од златарата „Граф“ во трговскиот центар „Вафи“ во Дубаи го ограбила накитот вреден повеќе од единаесет милиони евра.
По Ѓорѓевиќ вчера беше распишана и меѓународна потерница, а во истражниот затвор „Скопје“ се сместени седуммината македонски граѓани обвинети за убиството на Новаковиќ. Поднесена им е кривична пријава за убиство, со изречена мерка 30 дневен притвор.
Дејан Новаковиќ рано изутрина во петокот го загуби животот во тепачка што започна пред локалот „Хавана“ во Охрид, а трагично заврши пред објектот на поштата во центарот на градот.
Во тепачката учествувал и 34-годишниот сопственик на локалот Митре Костовски кој инаку бил пријател на Драган Ѓорѓевиќ со кого се запознале во Холандија. Костовски и се придружил на многубројната група на Ѓорѓевиќ која го тепала Новаковиќ со цел да му помогне на својот пријател. По убиството Ѓорѓевиќ веднаш отрчал во хотелот си ги зел работите и избегал од Охрид. Се верува дека избегал надвор од Македонија
|