Исправен концепт кој дава резултати

Скопје, 3 септември 2010 (МИА) - Исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност. Вака премиерот Никола Груевски го оцени четиригодишното работење на Владата што ја предводи, во денешниот отчет за сработеното.

- Константа за оваа Влада во изминатите четири години е работата. Имавме конкретна програма со рокови и работевме на нејзино остварување. Не ветивме невозможни работи, туку работа, посветеност и одговорност. По четири години тоа останува обврската по која се движиме и веруваме дека ќе не довде до вистинската цел - достоинство, рече Груевски. 

Времето на функционирањето на Владата го подели на два периода - првите две години без економска криза  и вторите две години, како што посочи, со најголема светска економска криза во изминатите 80 години што ја погоди и македонската економија.

Груевски истакна дека во првите две години е остварен најголем пораст на БДП од осамостојувањето на Македонија, раст на извозот од рекордни 60 отсто, зголемени директни инвестиции од близу милијарда евра, драстично намален јавен долг...

- Тоа го почувствуваа илјадници пензионери кои добија над 30 отсто зголемување на пензиите во просек и јавниот сектор со зголемени плати од 22 процента за првите две години, изјави претседателот на Владата. Ги посочи и воведениот рамен данок од 10 отсто, намалената стапка на пензиско и инвалидско осигурување, регулаторната гилотина, реформата бруто плата, проектот за самовработување, 20-кратното зголемување на субвенциите за земјоделците, издвојувањата за образованието, предвреме исплатениот дел од надворешниот долг...

Потврда за сработеното, како што рече, се признанијата што ги доби Македонија од Светската банка и од други меѓународни организации.

Добрите резултати во првите две години ги прекина светската економска криза, истакна македонскиот премиер. Со владините антикризни мерки беа намалени последиците од кризата и не се дозволи зголемување на даноците, и кратење на пензиите и платите, како во други земји кои беа погодени од кризата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...