Поставен камен темелник за тениски терени во село ШишевоСкопје, 7 септември 2010 (МИА) - Со поставување камен темелник денеска во село Шишево, општина Сарај, почнаа активностите за изградба и уредување на два тениски терени, дел од владиниот проект „За изградба на сто тениски игралишта во државата“.
- Тениските терени, за кој од буџетот се издвоени 10 милиони денари, ќе содржат најсовремена подлога согласно стандардите на Светската тениска асоцијација, истакна премиерот Никола Груевски на свченоста.
Терените за тенис ќе бидат со инфраструктурни приклучоци, оградени и со осветлување со што се создаваат можности за спортување во вечерните часови.
Пуштањето во употреба е најавено за шест месеци. Премиерот Груевски најави изградба и на мултифункционално игралиште во село Шишево за следната година.
|