Македонска премиера на документарецот „Име си е име“

Скопје, 27 септември 2010 (МИА) - Документарниот филм „Име си е име“ вечер ќе има македонска премиера во кино „Милениум“, а од утре ќе биде на репертоарот на кино „Фросина“. Продуцент е Џејсон Мико, а режисер  Исланѓанецот Сугурјон Ејнарсон кој живее и работи во Норвешка. 

Режисерот Ејнарсон денеска на прес-конференција рече дека спорот на Македонија и Грција за името било  провокација што го поттикнала  да го сними филмот.

– Бев шокиран кога открив дека во централниот дел од Европа во 2010-та има конфликт. Голема, моќна нација негира друга, соседна и мала нација. Го негираат идентитетот и името. Ова е прв чекор на подолго одење, рече Ејнарсон.

Според него, нема постигната цел и единствената исполнета цел е завршувањето на филмот. -  Сега сакаме да го искористиме филмот како мала алатка за да информираме и да го осветлиме проблемот. Затоа патуваме низ светот со ова мало парче, среќаваме луѓе, им го прикажуваме секаде каде што можеме. Така што, се уште не сме постигнале некоја цел, изјави  Ејнарсон.  

Продуцентот Џејсон Мико истакна дека целта односно филмот е за луѓе со кои тој  се обидува да говори, нивното мислење и гледиште кои се пренесени во филмот. Мико истакна дека филмот го изнесуваат во светот преку барање поединци или групи кои ќе го организираат прикажувањето.

- Ако група или поединец во Грција сака да го донесе филмот таму и да го промовира би биле среќни да соработуваме со него. Можеби Виножито во Лерин или Флорина, да ги употребам двата термини за местото, ќе биде заинтересирано, но би биле среќни да соработуваме со секого за да се прикаже филмот, изјави Мико.

Документарецот од 48 минути  раскажува за  Скандинавец кој доаѓа во Македонија и патува низ земјата со мотор, прашувајќи ги Македонците од сите слоеви, што значи да си Македонец и зошто името Македонија е толку важно. Наратор во филмот е сер Ендру Моушн, кој во Британија лани е прогласен за поет лауреат за изминатите десет години. Неговиот глас ја раскажува приказната за скандинавскиот патник кој не зборува пред камерата.

Филмот е насловен според истоимената песна напишана и изведена од Мортен Харкет, член на славната норвешка група „А-ха“. Песната е на  неговиот солистички албум „Леттер фром Егѕпт“. Мортен и режисерот Сигурјон првпат ја посетија Македонија во 2007 година, кога учествуваа на светската конференцијата за меѓурелигиски дијалог во Охрид. Таму тие се заинтересирале за македонското прашање. Музиката за филмот е дело на повеќе странски уметници, а меѓу нив се и македонските Кирил Џајковски и Тоше Проески.

Филмот премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Торонто. Досега го виделе гледачите во Северна Америка и во Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...