Груевски: Одлуката за лустрација на Ивановски го поткопува кредибилитетот на Уставниот суд

Скопје, 27 септември 2010 (МИА) -  Одлуката за лустрација на претседателот на Уставниот суд донесена од Комисијата за верификација на фактите го поткопува кредибилитетот на Уставниот суд, а го урива и легитимитетот во однос на сите досегашни одлуки на овој Суд, оцени денеска премиерот Никола Груевски.

- Тоа е лошо заради тоа што дополнително го поткопува кредибилитетот на Уставниот суд, а го урива силно и легитимитетот во однос на сите досегашни одлуки. Тоа што се случува не е добро за земјата, што имаме луѓе кои така постапувале во минатото, а денеска се на клучни позиции и на позиции кои се од клучна важност за државата, изјави Груевски запрашан за почетокот на процесот на лустрација, по презентацијата на 20 нови наслови од владиниот проект за превод на 500 стручни и научни книги.

Истакна дека лустрацијата е започната и оти очекува критики за процесот во кој, како што вели, како и во многу други работи тој ќе биде спомнат како дежурен виновник.

- До скоро не критикуваа дека нема лустрација и дека таа не е започната, а сега кога започна повторно ќе не критикуваат дека не е добра. Вчера слушнав коментари и обвинувања и како и во многу други случаи дежурен виновник е премиерот. Кога за некој ќе се извади нешто негативно како вчера, виновен му е премиерот, како јас да сум го терал да прави некои работи во минатото, рече Груевски.

Тој очекува за неколку недели да бидат презентирани измените и дополнувањата на Законот за лустрација на кои веќе работи  работна група, а со кои треба да се подобри текстот на Законот.

- Измените се во правец на тоа да се овозможи сите оние коишто во изминатиот период биле на јавни функции и потенцијално повторно можат да дојдат, и евентуално доколку во минатото се занимавале со такви активности повторно би можеле да ги применуваат, на некој начин да бидат предмет на лустрација за да се знае потенцијалот, за во иднина за влегување на политички функции да биде испитан и да бидеме на чисто во однос на овој процес, рече премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...