Не сум бил доушник

Скопје, 28 септември 2010 (МИА) - Пратеникот Борис Стојменов денеска ги оквалификува како лаги  и манипулации  информациите објавени во јавноста во изминатиот период дека бил соработник со тајните безбедносни служби во периодот опфатен со Законот за лустрација и истакна дека се пласирани со цел да се наштети на неговиот и угледот на неговото семејство.

- Дали некој е кодош или соработник се утврдува врз база на верификација на документација. Од пред три месеци на 12  јули имам Уверение од Комисијата дека не сум бил соработник на државните безбедносни служби и дека можам да ја вршам функцијата пратеник, рече на прес-конференција во Собранието Стојменов, приложувајќи го како доказ Уверението.

Тврди дека неговото име го нема во ниту еден документ во контекст на соработка со безбедносните служби и најави тужби за сите што го прекршиле Законот за лустрација со објавување на информации поврзани со него. Стојменов вети дека ќе даде овластување на секој што е заинтересиран да ја провери документацијата за него во Комисијата за верификација на фактите, во Државниот архив и како што рече, ако постои, и во службите за државна безбедност и за разузнавање. Ги повика и останатите пратеници да ги отворат своите досиеја, бидејќи смета оти не може некој да биде функционер, а да ги крие податоците за себе.

Пратеникот Стојменов воедно го повика поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и негов поранешен сопартиец на јавна дебата за да разговараат за писмото кое  го испрати неодамна до актуелниот премиер Никола Груевски. Георгиевски од Груевски преку писмото побара  доследно спроведување на лустрацијата, а во насока на доушниците на кои алудираше наведе карактеристики  на Стојменов, меѓу кои и дека како што стои во писмото, „главен организатор  при купување шест пратеници од власта на ВМРО-ДПМНЕ во 2000 година“.

Коментирајќи ги таквите ставови  Стојменов нагласи дека писмото не било  упатено до премиерот  туку до него лично и оти станува збор за политичка пресметка.

-  Ако прашувате за пратениците јас ве прашувам кај кој беа пратениците и имав ли јас партија тогаш. Тоа е проблем на Љубчо. Тогаш лидер на ВМРО-Вистинска беше Борис Змејковски. Не беа шест пратеници, туку 24 од кои 18 беа во притвор два дена од страна на тогашната власт. Љупчо Георгиевски откако ме смени од министер веќе не ме пушти да влезам во партија иако бев потпретседател, рече Стојменов и додаде дека уште тогаш  реагирал во Собранието за наводното притворање на пратениците. 

На новинарско прашање зошто по објавувањето на карактеристиките за него како можен соработник на безбедносните служби бил во Државниот архив, а што беше проследено од медиумите при влез во таа институција, Стојменов одговори дека целта му била да праша која е постапката заинтересираните медиуми да ја добијат документацијата за него со кое би докажал дека објавените информации не се точни.  Тврди дека дента кога бил во Државниот архив воопшто не ги избегнал новинарите и оти излегол, како што вели, „нормално од вратата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...